Натпреварот во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите меѓу Олимпијакос и Динамо Загреб што утре треба да се одигра во Атина, УЕФА го прогласи за натпревар од висок ризик.
За таа цел ангажирани се голем број на полициски сили кои деноноќно патролираат низ градот бидејќи во Атина веќе се пристигнати околу 300 гостински навивачи, но и навивачи на „Делии“ од Белград.
Специјалната полиција веќе уапсила 41 навивач на Црвена Ѕвезда бидејќи добро е познато дека токму „Делии“ се пријателски навивачи со навивачката група „гејт 7“ на Олимпијакос.
Доцна синоќа дел од хрватските навивачи кои се веќе во Атина побарале од таксист да ги пренесе во друг дел од градот, но биле блокирани од неколку моторциклисти кои веднаш почнале физичка пресметка и ги скришиле стаклата од возилото.
Притоа внатре уфрлиле запалени факли, а само среќа ги спасило гостите кои се извлекле од возилото да не бидат живи запалени.
Натпреварот меѓу Олимпијакос и Динамо Загреб е меч од висок ризик, затоа што на трибините според најавите ќе владее хаос. Домашните навивачи ќе добијат поддршка од навивачите на Ц.Ѕвезда, додека гостите кои во Атина се пристигнати околу 300 ќе имаат поддршка од Панатинаикос.