Грета: Вие сте голем и посветен лидер, Заев: Дури и го сменив името на државата

Во разговорот со пранкерите за кои Заев смета дека се Грета Тунберг активистка за заштита за климатските права и нејзиниот татко, изјавува дека е подготвен да им даде работа на мигрантите. На фалбите од Тунберг дека бил голем лидер посветен на земјата, Заев вели дека го сменил името.

Дел од разговорот:

Грета Тунберг: Да, и ми кажа дека сте голем лидер посветен на земјата, обврзан кон иднината.

Зоран Заев: Фала Грета. Подоцна други го сменивме и името, официјалното име на земјата затоа што сакаме да градиме пријателство, да бидеме модерна земја и сега станавме Република Северна Македонија.

Грета Тунберг: би сакала да дојдам и да направам протест за климатските промени во Скопје и да бидеме од корист за вас

Грета Тунберг: мислам дека Северна Македонија е одлична земја за мигранти. Ќе биде одличен пример за Европа и вашата посветеност кон Европската Унија и вашата посветеност кон хуманизацијата.

Зоран Заев: Да, ние работиме заедно со Европската Комисија. Хуманите аспекти на она што се случува тука е едно од важните……од нашата земја. Тие не се многу заинтересирани да останат тука зошто имаме помали економски стандарди во споредба со западните стандарди во Европа, но менаџираме заедно. Хуманиот третман е многу важен. Бидејќи миграцијата не се случува само од Сирија туку и од Авганистан од некои афрички држави.

Грета Тунберг: да, а на мигрантите им треба вдомување, референси да се вработат во твојата земја и ние ќе те поддржиме на меѓународно ниво.

Зоран Заев: Многу добро, многу добро. Многу добро. Грета голема чест ми е што зборував со тебе. И ќе ни биде големо задоволство и ќе сме среќни со твојата посета на државава, тука во Северна Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.