Не стивнуваат реакциите на прилепчани после поставувањето на информативната табла на споменикот од Александар Македонски во центарот на градот, со која се вели дека тој е дел од Хеленската култура и историја.
Пред неколку дена на градоначалникот Илија Јованоски му беа понудени 10.000 евра доколку тој лично ја постави таблата на споменикот.
Сега пак откако таблата е поставена, “Канал 3” со доза на иронија пишува дека градоначалникот го исполнил и последното ветување од предизборната програма.