Градоначалникот повторно го отвара градскиот пазар во Прилеп: Се прави ли ризик по здравјето на прилепчани?

“Општинскиот кризен штаб донесе одлука за повторно отварање на градскиот пазар во Прилеп, кој што од утре повторно ќе функционира врз основа на заострени критериуми. На влезовите од пазарот ќе бидат поставени средства за дезинфекција, а ќе бидат ангажирани и зголемен број на редари кои ќе помагаат во одржувањето на редот во градскиот пазар”, истакна на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Тој додаде дека закупците на тезги во градскиот пазар ќе бидат ослободени од плаќање на кирија од денеска, па се до завршувањето на вонредната состојба.

Инаку бројот на заболени од коронавирус во Прилеп денеска се искачи на 12, а градскиот пазар превентивно беше затворен минатата недела.

Сега општината одлучи истиот одново да го пушти во употреба, иако во повеќе општини во државата градските и сточни пазари остануваат и натаму затворени.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.