Градоначалникот не сакаше? Но, комитскиот пречек за Рашела и коњаницата во Крушево беше феноменален (Фото галерија)

Илинденските коњаници како и секоја година и оваа традиционално пред Илинден пристигнаа во Крушево.

Кандидатот за пратеник од Крушево, Билјана Проеска, како вистински домаќин не ги усрами хероите, војводите и нивните претци, туку ја продолжи традицијата.

За жал, градоначалникот на општина Крушево, не успеа да се надмине себе си и да докаже дека Македонија му е пред се?

Христоски на Фејсбук напиша:

“Заради не почитување на здравствените протоколи и меѓусебна заштита од страна на коњаницата, како што се недржење меѓусебна дистанца, нивно групирање и заеднички групен престој, кои го прават во објекти за нивно групно сместување, со не користење на заштитни сретства, како Градоначалник на општина Крушево по претходна препорака на здравствената комисија за заразни болести, препораките добиени од страна на медицински лица, оваа година како општина нема да организираме нивни пречек, заради наша здравствена заштита и пред се превентивна заштита на моите сограѓани.

Моите информации говорат дека се работи за ризични групи и преставници на повеќе здруженијата и поединци доброволци кои доаѓаат од повеќе правци кон Крушево, транзитираат низ повеќе општини, градови и населени места.За сите добиени информации ги информирав МВР и Министерството за здравство да преземат соодветни мерки, заради нивна здравствена заштита и заштита на нашите сограѓани, затоа што се работи за лица кои имале контакти со повеќе лица и граѓани низ сите населени места и општини кои се транзит на Крушево, се здравствено не проверени со ПСР тестови, т.е. ризични.
Оваа година мора да се навикнеме и прилагодиме на новата нормалност.

Виpycoт ,,Koвид 19″ не препознава дали бил коњаник, патриот, дебел или слаб, колку бил храбар, јак, дали бил од било која верска, национална, или политичка припадност.

Вистински патриотски чин е да се заштитиме себеси, но и другите, не да предизвикуваме дополнителни проблеми и жаришта.

Ги повикувам преставниците на овие здруженија, водачи, доброволци и сл. Да влијаат на нивните членови дополнително да не ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните во Крушево, со излегување без заштита, групирање и со дополнителното нивно присуство, со нивниот престој, преку организирање забави по ресторани, кафеани, кафичи и сл.
Ги повикувам Преставниците, водачите, одговорните на коњаницата да се пријават на ,,НКС 10 Дена Крушевска Република”, заради полагање цвеќе достоинствено на паднатите борци според дадените протоколи и укажувања од здравствените власти”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.