“Градоначалникот не помина со велосипедот по улицата каде има кратери од по 40 см?”

По повод Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“ денеска во Прилеп, традиционално по 14 – ти пат се одржа манифестацијата „Сите на велосипед“ на која учествуваа повеќе од 500-тини љубители на велосипедизмот. Манифестацијата е во организација на велосипедскиот клуб „Илинден“, Сојузот на училиштен спорт на Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија, а под покровителство на Општина Прилеп. Како и минатата година, така и оваа градоначалникот Илија Јованоски, беше дел од истата.

Бидејќи учествувал на вело турата, градоначалникот Јованоски ќе било добро да повозел со велосипедот и по споредните улици, каде има никнато кратери на секој чекор.

Како дестинација најблиска до центарот на градот му ја препорачуваме улицата “Андон Слабејко”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.