Градоначалникот на Велес во домашна изолација: Се тестира дали има коронавирус?

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и неговото семејство во домашна изолација. Неговата сопруга која е медицинско лице вршела преглед на дел од заболените од корна вирусот кои се појавија токму во овој град.

Од советот на општината за ТВ Алфа велат дека градоначалникот не оди на работа, а најверојатно се земени брисеви од него и неговата сопруга за да се тестираат дали имаат Ковид 19.

Според последните резултати засега во Велес има тројца кои се позитивни на вирусот.

Извор: ТВ АЛФА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.