Го отвориле свадбениот подарок по девет години – она што го пронашле во кутијата ќе го паметат цел живот (Фото)

Го отворриле свадбениот подарок по девет години, а она што го пронашле во кутијата ќе го паметат цел живот.

Брачен пар од Мичиген, САД, сподели навистина неверојатна приказна на социјалните мрежи. Имено, тие добиле подарок со строги инструкции од тетката на девојката, а на кутијата од подарокот пишувало да го отворат за време на нивната прва расправија.

Тие се во брар речиси девет години и како што тврдат имале многу расправии до сега, но едноставно го заборавиле подарокот.

– Разгледувавме фотографии и се потсетувавме на подароците кои ги добивме. Во тој момент ни текна на овој подарок, раскажуваат тие.

– Во кутијата имаше две пораки во кои тетка ми и тетин ми ставиле пари. Во едната порака, која ја имаше напишано тетка ми пишуваше: “Купи пица или некоја храна што ја сакате и двајцата, а потоа подготви ја бањата”, а во пораката на тетин ми која беше за мојот сопруг пишуваше: “Купи шише со убаво вино”.

– Не можев да замислам дека најдобриот подарок, не сум го отворила 9 години. Овие пораки не учат на толеранција, разбирање и наоѓање на компромис. Се она што е потребно за добар брак.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.