ВИДЕО – Го казниле за надминување на брзината од 15 км/h, нема да верувате како ја платил казната

Брет Сандерс ја надминал дозволената брзина за неполни 15 километри на час, на еден пат во Тексас, а откако судот му ја отфрлил жалбата, одлучил на оригинален начин да ја плати казната.

novac

Кога истата му стигнала, Сандерс не можел да се помири со тоа, туку одлучил да вложи жалба, која била одбиена.

Сандерс тогаш казната во висина од 212 американски долари ја платил со све канти полни со најситни парички.

“Ова е за мене облик на протест. Се работи за она што е праведно. Никој не сум повредил, ниту сум загрозил нечиј живот”, рекол Брет за NBC.

Иако многумина се сложиле со него, други мислат дека протестот е испратен на погрешна адреса, бидејќи со олку голем број на парички морале да се занимаваат и да ги пребројуваат службениците од шалтерите, кои немаат врска со целата случка.

А.Г.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.