На 06.07.2019 година во 14.30 часот во Полициското одделение Кривогаштани, Љ.В.(55) од с.Бучин пријавил дека настанал пожар во селската депонија во с.Пашино Рувци.
Во пожарот горело сено, а биле зафатени и две ниви засеани со жито и јачмен, сопственост на лицата А.Ј.(73) од с.Пашино Рувци и И.С.(75) од с.Пашино Рувци.
Во 14.45 чаот пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани. Увид бил извршен..