Големината на Македонија: За неполни 48 часа собрани над 7.500 долари за семејството Јованови од Велес – донирајте!

Откако пред неколку дена Телевизија 24 ја објави сторијата за ужасните услови во кои живее семејството Јованови од Велес, помош почна да пристигнува од сите страни.

Граѓани, граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, естрадни уметници…. Јордан и неговата мајка Анѓа деновиве имааат голем број посетители кои им носат помош.

Доказ дека нашиот народ е великодушен е и иницијативата за собирање средства на Фејсбук, која ја започна велешанецот кој живее во Австралија, Ордан Наумов.

Иако првичната цел била да се соберат 500 долари за неколку кубици огревно дрво и храна, за неполни 48 часа собрани се над 7.500 долари.

Со средствата се планира да се купи покуќнина за Јордан и Анѓа и да им се овозможи да имаат еден нормален живот каков што заслужува секој човек.

Доколку сте во можност да донирате тоа можете да го сторите на следниот ЛИНК


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.