Ги рушат стереотипите во Македонија: Дома се мајки и девојки, а на работа професионалци посветени на државата и безбедноста (Видео)

Кога ќе одиме дома сме мајки и сопруги, кога ќе одиме на работа сме тоа што сме. Ги рушиме стереотипите дека е типично машка професија. Без разлика на полот, САЕ Тигар и ЕБР се синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик, без разлика на пол, со кој е доведена во прашање безбедноста на земјата и граѓаните.

Ова го објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Девојки, мајки, сопруги и професионалки има и во Единицата за брзо распоредување – мотото Секогаш и Секаде важи за сите подеднакво! Формирана во 2001 година, ЕБР не препознава родова, туку само професионална припадност, напиша Спасовски.

Денеска, објави министерот за внатрешни работи, специјалните единици се синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и криминалот.

Специјалната антитерористичка единица Тигар е формирана во рамки на МВР во 1981 година. Пред 15 години ја доби првата припадничка. Условите за престој и работа на припадничките, пишува на фејсбук Спасовски, се прилагодени на нивните потреби и досега немало случаи на дискриминација.

ВИДЕО сторијата е на 360 степени





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.