Ги гледате ли? Сугарески вели дека милиони, милиони евра се инвестираат во Прилеп (Видео)

Бидејќи често пати се поставува прашањето колку се инвестира во Прилеп, еве јас денес директно ќе одговорам. Само во делот на локални патишта и улици обезбедени се 1.200.000 евра. Истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешниот увид во градежните работи на постоечкиот пат Прилеп-Градско, во делот од Дреново до Фариш.

„Сите сте сведоци дека во моментот се работи на патот од Лагово до Мариово, некаде околу 8 километри. Интензивно привршува изградбата на патот од волково до манастирот Св. Никола, некаде околу 5 километри, обезбедени средства од Владата. Се заврши и патот до вештачкото езеро и таму се работи дополнително на еден извонреден проект за рекреација, кој што ќе служи на прилепчани.

Значи имаме силна динамика во делот на енергетиката, некаде околу 1.100.000 евра се обезбедени и се работи на реконструкција на трафостаницата во Прилеп, така да и тој проект оди со силна динамика.

Ќе се прави дополнително регионалниот пат во овој период од Чепигово до Кадино Село, се заврши регионалниот пат од Битола до Прилеп преку Тополчани, комплетно е завршен. Исто така гледате дека се работи интензивно на клучката кај ТИРЗ, каде исто така голем дел на средства, повеќе милиони евра се инвестираат. Пуштен е патот до Битола, во тој дел каде што требаше да биде саниран, овие месец дена се вози веќе по тој пат“, истакна Сугарески.

Извор: “Инфо Компас”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.