Германски вojници во Прилеп се чyдaт што ги забавува прилепчани (Фото)

Пред осумдесетина години, немало многу забава за обичниот народ. Без телевизија, со по некое радио кај чорбаџиите и на прсти се броеле сопствениците на грамофони со инка и со навивање, побогатите ќе пуштеле некоја мелодија, а под пенџере се збирал народ да чуе нешто.

А, пак, за време на војната и патувањето од еден во друг град било отежнато. Скоро единствено, а и најинтересно било кога од Србија, ќе дојдел човек со мечка која играла на ритамот на дајрето.

На ѕверот ич не му било до игра, и не го ни слушал дајрето или тапанот. Имал мака од чингелот, закачен на носот поврзан со голем железен синџир што ја држел мечкарот.

Тој со едната рака тропал, а со другата ја влечел мечката за носот, која од болка застанувала на две нозе и подрипнувала. Тоа на народот му изгледало интересно.

Од фотографијата се гледа дека германските војници не го забавувал толку балканскиот простотилук. Тие, веројатно, мечка виделе во зоолошка или во циркус. Мачењето на кутрото животно не го сметале за човечко.

Деценија по ослободувањето замрела оваа забава на народот. Покрај појавата на радио и телевизија, немало место за “мечка што игра”. Сега, ако се види ваква слика, на мечкарот не му бега kaзна затвop за злocтавување на животно.

Извор: “Неделник Зенит”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.