(Галерија) Чудото на архитектурата слави 20 години постоење

Данската претстолнина Копенхаген и шведскиот град Малме ги поврзува еден пат од осум километри- мостот Ересунд кој на вештачкиот остров се продолжува како подводен тунел.

Ересундскиот мост или Ересундската врска е наменета за друмски и железнички сообраќај и претставува најголемиот мост-тунел во Европа. Исто така, ова е најголемиот мост на светот кој преминува државна граница.

Идејата за спојување на две копна преку Ересундскиот мост, постоела уште пред Втората светска вojна, но била отфрлена. Детално е проучувана повторно во 1950-тите и 1960-тите години.
Конечно проектот на данскиот архитект Џорџ К.С. бил започнат во 1995 година. Последниот дел е дограден во 1999 година, а мостот-тулен официјално бил пуштен на 2 јули 2000 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.