Вучиќ: “И јас изгубив трпение. Доколку продолжат вака, Србија нема да има друг избор”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на разговорот со Србите во Рашка во еден момент повика за внимание и побара да не го прекинуваат со аплаузи.

“Нема премногу да зборувам за минатото. Нема ниту за тоа колку бевме во 1961 година, ниту за лошите решенија во 1999-та, ниту за молчењето во 2004 гоидна, како и 2008 година кога Косово прогласи независност. Завршив со тоа…. И јас го изгубив трпението. Се поставува прашањето што останува на нас да направиме. Што и да ве замолам, нема да ме послушате. Имав доволно храброст да одбијам влез на Косово во Обединетите нации. Денес се плашам дека во Приштина имаме некој кој е ирационален, а имаме и некои злонамерници во меѓународната заедница, секако, тоа не се сите, но тие сакаа да не вовлечат во судир.

Сакам да го задржиме мирот. Исто така ќе ви речам, не аплаудирајте ми. Јас и претходно реков, нема да дозволам ybивaњe на нашиот народ овде, а затоа и сега дојдов. Ја разбирам вашата одлука, иако сакав да реагирате порационално, не сум глупав за да не можам да го видам вашиот одговор. Секако, тука има и емоции. Но што и да се случи, Србија ќе биде со вас. Тоа не го кажувам про-форма. Оние кои ме познаваат, знаат што значи тоа”, речи Вучиќ.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.