Времето денеска променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини се очекува да има услови за појава на магла. Најавено е да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 17 Целзиусови степени.

За новата работна седмица, синоптичарите најавија да преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а утре и во вторник наместа долж Повардарието, повремено засилен северен ветер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.