На 29 октомври 2026 година се навршува точно една година откако Дејан Проданоски ја презеде градоначалничката функција во Општина Прилеп.
По тој повод, Проданоски упати јавна покана до сите граѓани заедно да го одбележат овој ден и да направат заеднички осврт на сработеното во изминатите 12 месеци, да се споделат постигнатите резултати и да се најават следните чекори за понатамошен развој и напредок на Прилеп.
Настанот ќе се одржи во четврток, 29 октомври 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Од локалната самоуправа порачуваат дека присуството на секој граѓанин е од големо значење, затоа што Прилеп се гради заедно – со посветеност, транспарентност и јасна визија за иднината, носејќи видливи резултати и траен развој!
























