Во среда, на 21 октомври, со почеток во 20:00 часот, на сцената „105“ при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде изведена театарската претстава „Саатот“ од Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, во режија на Кристина Димитрова.
Претставата ја отвора темата за желбата на човекот за кариерно и професионално издигнување, прикажувајќи ги амбициите, личните односи и времето што неуморно минува. Преку брачната приказна на Јован и Вера и симболиката на нивниот часовник, кој ја отчукува секоја секунда од животот, се отвора прашањето за цената што човекот ја плаќа во трката по успехот и остварувањето на своите амбиции.
Автор и драматург на претставата е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, режијата е на Кристина Димитрова, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, а музиката е на Филип Јездиќ и Томе Темелкоски.
Во претставата настапуваат:
– Саатот – Филип Јездиќ
– Јован – Димитар Ѓорѓиевски
– Вера – Наташа Ачански
– Вокална појава – Ана Митоска
Публиката ќе има можност да погледне театарска приказна што преку секојдневните односи и симболиката на времето го поставува прашањето колку навистина ни останува додека се обидуваме да стигнеме до она што го посакуваме.
Билети може да се резервираат на телефонскиот број 076-442-378.
























