Во Собранието помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта

Собранието даде зелено светло , со 59 гласа ЗА (9 гласови ПРОТИВ), поддршка за предлог-законот за игрите на среќа со кој казина нема да смеат да се во растојание од 500 метри до училиштата, забрана за рекламирање на излозите на коцкраниците, се забранува рекламирање со кое коцкањето се претставува како начин до личен успех, секој апарат мора да има задолжителен систем за локација (GPS) за тековна контрола од страна на УЈП, лиценците нема да можат да се мултиплицираат, се воведуваат финансиски давачки за отварање на нови уплатно-исплатни места, зголемување на износите на банкарските гаранции и имплементација на препораката MONEYVAL (Совет на Европа) како стандард во борбата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам, информираше пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.