Во Прилеп се одржа Државно првенство во пинг-понг за основните училишта

Во организација на Федерацијата за училишни спортови – Сојуз на училишни спортови на Прилеп, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Општина Прилеп, денеска во СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп се одржа Државното првенство во пинг-понг за ученици во основните училишта.

На првенството учество зедоа 60 натпреварувачи од основните училишта од нашата држава. Очекувано, најголем успех имаа играчите кои активно тренираат во некој од клубовите кои учествуваат на Државното првенството. Меѓу учесниците, свои претставници имаше и прилепскиот пинг-понгарски клуб „Младост 96“.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.