Во Прилеп отворена изложбата “Конгломерати” од академскиот уметник Сашо Ацковски

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата на слики “Конгломерати” од академскиот уметник Сашо Ацковски, кој пред прилепчани се претстави со околу 25 дела, кои се изработени во акрилна техника и на нив е преставена организирана концентрација на различни елементи по својата природа.

Од една страна има апстрактни мотиви создадени од човечка рака, а од друга страна има електронски индустриски делови создадени од машина.На овој начин уметникот го пресликува современото општество во уметничкото дело.

“Целта со изложбата ми е да ја поттикнам публиката да размисли за балансирана и контролирана употреба на техниката и технологијата во секојдневниот живот. Да ја користи истата само како средство, односно алатка за подобро опстојување и функционирање во општеството, а со самото тоа да се постигне враќање кон реалните социјални интеракции и комуникации, односно да поттикне враќање кон природата и хармонијата -изјави Ацковски, кој има дипломирано на ФЛУ во Скопје, отсек сликарство со насока конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски.

Реализирал повеќе изложби, самостојни и групни.Член е на ДЛУМ. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.