Во с. Дебреште, Општина Долнени, во моментов се одржува традиционалниот турнир за пеливани – традиционално борење, кое се негува и одржува пет века на овие простори.
На турнирот учествуваат над стотина пеливани од Македонија, Турција, Албанија и Бугарија. Турнирот е во организација на “Младинското здружение Дебреште„, а ќе се одржува под покровителство на Општина Долнени.
Турнирот во пеливанство започна во 10 часот на стадионот во селото, а за најдобрите пеливани ќе следуваат вредни награди.