Во време кога сè повеќе млади луѓе својата иднина ја бараат надвор од границите на Македонија, 20-годишниот Леонардо Николоски од Прилеп избра поинаков пат. Наместо да замине, тој реши да инвестира во својот роден град и да создаде нешто ново, современо и поразлично за прилепчани.
Така, во просторот на Автобуската станица во Прилеп, неодамна вратите ги отвори „LOTUS Urban Tobacco“, модерен продажен простор кој уште на прв поглед се издвојува од сè што досега сме навикнале да го гледаме кај тобако продавниците.
Веднаш по влегувањето во продавницата се забележува пространоста, современиот ентериер, прегледно организираните полици и богатиот асортиман. Наместо класичен мал продажен простор, „LOTUS“ нуди пријатна атмосфера, лесна прегледност и голем избор на производи.
„Идејата беше да понудиме модерен продажен простор со богата понуда. Локацијата кај автобуската станица е фреквентна и лесно достапна за сите“, вели Леонардо Николоски.
Тука посетителите можат да најдат богат избор на тутунски производи, електронски цигари и нивни додатоци, алкохолни и безалкохолни пијалаци, вина, слатки, грицки, кафе и многу други производи за секојдневните потреби. Асортиманот постојано се збогатува со нови брендови и производи, а дел од нив досега тешко можеле да се најдат во Прилеп.
Особено внимание привлекува и фактот што продавницата работи секој ден од 08:00 до 24:00 часот, што е вистинска реткост во Прилеп.
„Сакаме да им бидеме достапни на купувачите и во вечерните часови кога најмногу им е потребно. Веруваме дека ова работно време ќе им биде голема погодност и ќе им заштеди време“, додава Николоски.
Освен во современиот изглед, најголемата инвестиција е направена и во богатиот избор на производи и квалитетната услуга.
„Многу ни беше важно просторот да изгледа современо, бидејќи добриот амбиент е дел од добрата услуга. Производите ги избираме според квалитетот и побарувачката, со цел секогаш да понудиме голем избор“, вели Леонардо.
Иако продавницата е новоотворена, реакциите од првите посетители се повеќе од позитивни.
„Најчесто ги пофалуваат изгледот на продавницата, големиот избор на производи и љубезната услуга. Тоа ни е најголемата мотивација да продолжиме уште подобро.“
Сопствениците најавуваат дека понудата ќе продолжи да се проширува со нови производи и брендови, а пораката до прилепчани е едноставна:
„Ги покануваме сите да нè посетат и лично да се уверат во квалитетот, големиот избор и услугата што ја нудиме.“
Доколку досега не сте го посетиле, можеби токму „LOTUS Urban Tobacco“ е местото кое ќе ве убеди дека и во Прилеп може да се создадат модерни, европски уредени продажни простори, зад кои стојат млади луѓе со визија и желба да ја градат својата иднина токму дома.
































