Во Антарктикот потопло од Македонија: За прв пат во историјата измерени 20 степени

За прв пат во историјата температурата на Антарктикот достигна рекордни 20 степени. Научниците на островот Сејмур измериле неверојатни 20,75 степени, што е доказ дека температурата во последните години расте со голема брзина. Оваа температура предизвика стpaв кај научниците поради климатската нестабилност, пренесува Гардијан. Оваа температура е измерена на 9ти февруари, што е поголема од претходниот рекорд од 19.8 степени измерени во 1982 година.

За сега се чека оваа рекордна температура да ја потврди и Светската метеоролошка организација, а научниците кои собираат податоци за температурата на секои три дена го опишаа новиот рекорд како “неверојатен и ненopмален”. Забрзаното топење на мразот на Антарктикот доведе до пораст на нивото на морет од три метри во 120.000 години.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.