Владата заглави “в ливада”, како што ги нарекуваа инвестициите од ВМРО-ДПМНЕ – Ниту една нова во изминатите 4 години (Видео)

Во посета на Прилеп вчера беа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Тие заедно со градоначалникот на општина Прилеп, ја посетија американската компанија “Гентерм” која се наоѓа во технолошко-индустриската зона “Алинци” и вработува неколку илјади граѓани од Прилеп и прилепско.

Фабриката беше отворена во 2016 година, а беше плод на долги преговори на економските тимови на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во индустриската зона која се наоѓа недалеку од Прилеп денеска функционираат три фабрики. Покрај “Гентерм”, таму се сместени и компаниите “Вик” и “Акомпласт”.

Oвие три компании значително ја подобрија економската слика на Прилеп, кој пред нивното доаѓање располагаше со армија од 18.000 невработени лица.

За жал оваа владина гарнитура не успеа во изминатите 4 години да донесе ниту една нова фабрика во оваа зона, а граѓаните се сеќаваат дека актуелните функционери зоната ја нарекуваа ливада и нива, а подоцна ги кудеа и компаниите кои отворија свои фабрики тука.

Ќе се потсетиме на една од прес конференциите на СДСМ пред зоната:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.