Вкупно 352 лица од Македонија гласале на изборите за претседател на Бугарија – се гласаше и во ПРИЛЕП

463 на претходните избори во април 2026-та, вкупно 352 бугарски државјани гласале на седумте избирачки места отворени на територијата на Македонија на вчерашните избори за претседател и потпретседател на Бугарија, а најголем број гласови освоила кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев, соопшти бугарската Цнетрална изборна комисија. 111 помалку од претходните или пад од над 30 насто.

Избирачки места беа отворени во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Кочани и Прилеп.

Претседателската двојка Илијана Јотова и Кирил Валчев освои 40,7 отсто од гласовите, Андреј Ѓуров и Георги Кандев се на второто место со 25,6 отсто од гласовите, додека Костадин Костадинов и Петар Волгин освоија 14,5 отсто.

Идниот претседател и потпретседател на Бугарија ќе се знаат по вториот круг на 1 ноември, а бугарските граѓани ќе избираат меѓу претседателските двојки Јотова – Влчев и Ѓуров – Кандев.

Според обработените 95,29 отсто од записниците на национално ниво, двојката Јотова-Влчев има освоено 34,60 отсто од гласовите, додека двојката Ѓуров-Кандев има освоено 32,04 отсто.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.