Вистинска драма утрово на Селечка планина кај Прилеп: Хеликоптер cпacуваше девојче

Вистинска драма се одвивала утрово на планината Селечка кај Прилеп, над планинарскиот дом „Томе Темелкоски“. Според првичните информации две малолетни лица, момче и девојче, на возраст од 17 и 16 години, утрово околу 7.20 часот ја повикале полицијата од Прилеп и против пожарната екипа со дојава дека девојчето е пoвpeдeно и дека неможат да слезат од планината – дознава порталот “Инфо компас”.

Од ТППЕ Прилеп веднаш интервенирале и стигнале на местото каде се наоѓале малолетниците. Поради крајно непристапниот терен и неможноста да слезат од планината пожарникарите повикале хеликоптер од Дирекцијата за заштита и спасување по што девојчето со хеликоптерот е пренесено во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

Од болницата велат дека состојбата на девојчето е стабилна и таа се наоѓа надвор од животна опасност. Од СВР Битола истакнаа дека случајот се обработува и за кратко време се очекува да имаат повеќе детали.

Извор: “Инфо Компас”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.