Викенд за гурманско уживање во Порта, се враќаат Тијана и Дани за саботна дневна забава!

Има места каде што добрата храна има посебен вкус, амбиентот носи своја приказна, а музиката го претвора секое дружење во убав спомен. Ресторан Порта – повеќе од 22 години дел од прилепската угостителска приказна, и овој викенд ве очекува со внимателно избрана музичка програма, одлична атмосфера и уживање во секој момент.

ПЕТОК (16.10) со MODUS BAND

Викендот започнува со енергијата на Modus Band, за вечер исполнета со добра музика, пријатно друштво и атмосфера што го најавува совршениот викенд.

САБОТА (17.10) ДЕНСКА ЗАБАВА СО ТИЈАНА И ДАНИ СО ПОЧЕТОК ОД 13:00ч

Девојките во чии настапи уживавме секоја сабота минатата сезона повторно се враќаат во Порта! Тијана и Дани носат музика, позитивна енергија и препознатлива атмосфера за саботно дневно уживање во добро друштво.

САБОТА ВЕЧЕР – ТАЈФАТА НА З’Ц

За саботната вечер, на сцената е Тајфата на З’Ц! Подгответе се за уште една вечер со многу музика, одлична забава и расположение што ќе ве задржи до доцните часови.

Резервирајте го вашето место навреме на 078 368 111.

Ресторан Порта – традиција, вкус и моменти што вреди да се споделат!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.