Викенд во знак на пинг понгот во Прилеп (Фото)

Викендов беше посветен на пинг-понгот. Активна беше и женската екипа на Младост96, која во саботата одигра два натпревари од Суперлигата, а во ООУ “Добре Јованоски” се одржа и Мастерс тунирот за сениори/ки.

Најпрво во саботата се одигра првото коло од прилепската Бизнис лига, која побуди голем интерес кај прилепските компании. Веќе од првото коло се наѕираат екипите кои се издвојуваат за висок пласман.

Во саботата женската екипа на Младост96 извојува две победи против Крушево со 4-1, и со екипата која исто така претендира за првото место Шампиони Фа – извојувана победа со 4-3. Вториот дуел беше неизвесен до самиот крај, бидејќи победникот беше решен во играта на двојки, и тоа во петтиот сет, каде прилепските играчи извојуваа победа со 3-2 во сетови.

Гвозденовиќ, Михаилов Богоеска и Стојческа беа играчите кои ги донесоа овие две победи.

ППК Младост 96 е на првото место со три победи без пораз.

Во неделата се одигра првиот Мастерс Телеком турнир за сениори/ки, каде одличен настап имаа прилепските играчи.

Антонио Стомнароски одигра одличен турнир и го освои третото место што е одличен пласман и успех за играчот на Младост96. Рикалоски и Тошески се пласираа меќу 16 најдобри. Лашкоски и Костовски не настапија на турнирот од оправдани причини.

Државните прваци Кристијан Станојковски и Амелија Уце-Николов ја оправдаа фаворитската улога и го освоија првиот рангирен турнир во сезоната. Иако уште на стартот во групната фаза на натпреварите Уце-Николова беше изненадена уште во првото коло и претрпе пораз од Катарина Михаилов, сепак до крајот на натпреварувањето не дозволи иненадување и го подигна победничкиот пехар.

Кај сениорите Станојковски без пораз, со само еден изгубен сет во финалето, сигурно го освои златото и уште еднаш покажа дека секогаш кога е потребно тој се претставува во најдобро издание.

Финални натпревари:

Сениори
Кристијан Станојковски – Филип Младеновски 4:1

Сениорки
Амелија Уце-Николов – Бојана Михајловска 4:0

Пласман Сениори
1 место: Кристијан Станојковски – Крива Паланка 2007
2 место: Филип Младеновски – Шампион Фа
3 место: Сашо Стојановски – Работнички
Антонио Стомнарсоки – Младост 96

Пласман Сениори
1 место Амелија Уце Николов – Шампион Фа
2 место Бојана Михајловска – Рисови
3 место Сара С.Стојановска – Крива Паланка
Ива Димитриевска – Рисови






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.