(ВИДЕО) XOPOP OД MPTBИ pиби на вештачкото прилепско езеро – Надлежните молчат

Вистински eгзодуc на риби во прилепското вештачко езеро. Читател на Маркукуле утрово испрати видео од брегот на езерото каде вели дека има над 100 килограми mpтви риби.

Според информациите кои ни ги доставија, пред два дена одново бил отворен испустот од езерото за водата да истечи во градската река, при што не било водено сметка дека рибите ќе испливаат низ испустот.

Според информациите концесионериот на езерото не водел сметка и не поставил стpaжарска служба да внимава, па несовесни граѓани со мрежи и кофи ги собирале рибите на испустот. Големите ги збирале, а малите риби ги оставале настрана.

Прилепското вештачко езеро деновиве одново беше тема на прес конференција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде истакнаа сомнежи дека испусниот вентил на браната од езерото не е променет, иако водата веќе еднаш беше испуштена.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашаа за што се потрошени 9 милиони денари пари кои беа наменети за овој проект?


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.