(Видео) Шлаканицата на Макрон снимена од друг агол

Маж му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон за време на официјалната посета на департментот Дром на југоистокот во Франција, а медиумите објавиле снимка од друг агол.

Макрон инаку крајно расположен притрчал кон насобраните, не знаејќи дека нема да има пријатно добредојде.

Пришол кон оградата и тргнал да се поздравува со луѓето, а мажот го фватил за рака, после што му удрил шплаканица. Вознемирениот Макрон рефлексно се поместил на страна, а припадниците на обезбедувањето го одвлекле.

Макрон потоа истакнал дека станува збор за изолиран случај и дека не треба да се дава големо внимание.

„Не треба да им се дозволува на агресивните луѓе да завладеат нсо јавната дебата. Тие тоа не го заслужуваат. Се е во ред. На тоа треба да се придаде ограничено значење затоа што станува збор за поединечлен инцидент. Тоа не треба да ги фрли во сенка другите важни теми“, рекол претседателот на Франција.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.