(Видео) Ситуацијата во Кocoво е тензична: Се пyka од двете страни – Митровица како фронт

По денешниот упад на косовската полиција и припадниците на Росy во Северна Митровица беа фрлени солзавец и шok boмби, по што српската полиција отвори оган на демонстантите, a во моментов Митровица изгледа како фронт.

Во северниот дел на Косовска Митровица во тек е акција на косовската полиција, а граѓаните се собраа и ја блокираа улицата Кнез Милош, објави „Косово онлајн“, пренесува „Б92“.

„Косово онлајн“ објави дека косовската полиција влегла во една од аптеките во градот за да ги провери царинските документи.

По ова, луѓето се собрале, изразувајќи незадоволство од споменатата акција, а ситуацијата ескалирала кога косовската полиција почнала да фрла шок бомби и солзавец, а Србите фрлале со камења.

Според некои наводи на очевидци, во тек е заплена на српска стока.

Според порталот „Косев“, незадоволни Срби одговориле со камења, по што косовската полиција фрлила солзавец. Причинета е материјална штета на неколку автомобили паркирани во близина.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.