ВИДЕО: “Се срами да рече МАКЕДОНИЈА, а е Претседател на Совет?”

По повод Денот на народното востание 11.Октомври, денеска во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп, во организација на Џудо клубот „СЕИШИН“ се одржа 11.Меѓународен турнир во џудо за помлади пионери, пионери и кадети, „Прилеп Град Херој 2019“.

Повеќе од 320 учесници од 35 клубови од Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија беа дел од овој репрезентативен спортски настан, на кој присуствуваа и неколку прославени светски имиња од џудо спортот: Проф.д-р Славко Обадов, Павле Буљчиќ и Чихи Јанош.

Во име на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, турнирот за отворен го прогласи претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски.

Покрај тоа што ги поздрави присутните и им поска добредојде во Прилеп, Талевски се задржа на општо познатото “нашата држава”, “државата”…. наместо да изговори Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.