(Видео) СДСМ ветуваше 500 акумулации во Прилеп: A eве до каде го дотepaa вештачкото езepo денеска

Актуелниот пратеник од СДСМ, Хари Локвенец, а кандидат за градоначалник на општина Прилеп во 2013 година, пред граѓаните излезе со ветување за изградба на „500 микроакумулации”.

Еве што ветуваше Локвенец тогаш:

“Ќе го намалиме надоместокот за наводнување и одводнување на земјоделското земјиште, а ќе изградиме или реставрираме дополнителни 50 км. хидросистемска мрежа. Ќе ги исчистиме одводните канали, ќе ги исушиме селските бари и ќе изградиме нови поила за стоката.

Ќе формираме координативно тело за равој на земјоделието, а ќе изготвиме стратегии за органско производство и за помош на земјоделците. Ќе воведеме ваучер за тн„зелена нафта” за основна обработка на почвата.

Имаме проект„Зелена иницијатива” со кој ќе воведеме општински сектор за земјоделски семејства, сектор за унапредување на руралните населени места, како и сектори за европска земјоделска политика и за прекугранична соработка.

Со проектот„млеко од прилепските фарми”, ќе ја подобриме состојбата на млечната индустрија во Општината, ќе ја подобриме промоцијата и продажбата на млекото.

На крај сакам да го спомнам проектот за изградба на „500 микроакумулации”. Суштинскиот, капиталниот проект кој покрај тоа што на големо ќе ги подобри состојбите во земјоделието, исто така сериозно позитивно ќе влијае на локалниот економски развој и отворањето нови работни места. Микроакумулациите се стратешко, долгорочно, планско и техничко решение за наводнување на земјоделското земјиште во Пелагонија.

Имаме 500 различни профили за акумулациите, во кои ќе опфатиме 40 милиони метри кубни вода , со која ќе се наводнуваат 20 илјади хектари земјоделско обработливо земјиште”

А, еве во каква состојба е прилепското вештачко езеро денеска кога и локалната и централната власт ја предводи СДСМ:

На оваа тема денеска прес конференција одржаа и од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.