(Видео) Професорот ја објасни разликата меѓу грип и корона: Еден човек може да зарази и до 59.000 луѓе

Британскиот професор Хју Монтгомери, директор на УЦЛ Институтот за здравје на лондонскиот универзитет, ја објасни разликата меѓу обичниот грип и новиот коронавирус. Имено, заразата може да потекне само од една личност, а разликите се големи.

“Ако добијан нормален грип, ќе заразам 1,3 – 1,4 луѓе. Ако тие го пренесат тоа понатаму, тоа е втор круг на пренесување. Но кога ќе се случат 10 кругови на пренесување, ќе бидам одговорен за 14 случаи на грип. Овој, коронавирусот е многу, монгу позаразе, така што секој човек го пренесува на најмалце три луѓе. Е, сега, тоа на прв поглед не изгледа како голема разлика, но ако секој од овие три луше зарази по тројца, по десет пренесувања- ќе бидам одговорен за инфицирање на 59.000 луѓе”, вели тој.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.