(Видео) Не можеше да се воздржи, а сега и се “смее” отказ: Водителка слатко се насмеа кога ја прочита веста за социјалната помош

Водителка на руска државна телевизија стана хит на социјалните мрежи по објавувањето на снимката на која не може да се воздржи читајќи ја веста за зголемувањето на социјалната помош.

Алелсандра Новикова, водителката на вестите од Камчатка не можеше да се воздржи и слатко се насмеа откако го прочита извештајот за зголемување на социјалната помош за лицата со инвалидитет, вoeните ветерани, жpTBите од paдиjaциja… Со растот кој се превидува тие треба да земаат 1.500 рубљи повеќе (22 евра)- од кои 900 може да искористат за лекови, 137 за бањи и остатокот (363 рубљи или 5.26 евра) за “меѓународен” превоз до тие места за лечење, пренесува српски Курир.

“Се обидов, слушнавте”, вели во еден момент правдајќи се, додавајќи покасно: “Добро е што не е во живо”.

Снимката не е емитувана на ТВ или на интернет. Сепак, привлече големо внимание на социјалните мрежи кога беше објавен од порталот Инфо24.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.