(Видео) Неверојатна снимка од Марс: Пронајден е кратер со мраз, а еве што се крие позади неговото име

Европската вселенска агенција објави спектакуларно видео од кратерот на Марс кој дава надеж, дека некогаш би можел да се развие живот на црвената планета.

Неверојатното видео е всушност мозаик од снимки од опвршината на овој кратер, направени со стерео камера со висока резолуција.

Кратерот Королјев се наоѓа на северниот дел од Марс и е исполнет со мраз за време на целата година.

Кратерот го добил своето име по Сергеј Павловиќ Королјев, главниот советски ракетен инженер и конструктор на вселенски летала, кој е познат и како “татко на руската вселенска технологија”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.