(Видео) Најубавата љубовна приказна на Балканот: Чкаља и Драгица живееле во една соба, а прстенот и го купил за 50 динари

Еден од омилените актери на бившите југословенски простори, Миодраг Петровиќ Чкаља, со својата единствена љубов Драгица се венчале на скромна прослава, а нивата приказна ги воодушевува и младите генерации.

Љубовната приказна на Петровиќ започнува во 1948 година кога се венчале во зградата на Домот на култура “Божидар Аџија”, каде се наоѓал Народниот одбор на општина Врачар. Вистински пролетен ден, група на актери од Радио-драма, од каде што доаѓал и Чкаља, го искористиле како би ја крунисале оваа голема љубов.

-Друштвото беше расположено. Досетки и шеги во секој момент. Оние кои доаѓаа на работа се затскриваја мислејќи дека се снима некој филм. Шегите на сметка на смешниот, слаб, висок актер стануваа се пожестоки. Ма нема збор, таа сигурно нема да дојде! Во последен момент се предомисли- раскажува Љубиша Бачиќ, близок пријател на Чкаља.

-Па што и да дојде, кога има плата од 4.000! А нашиот младоженец од 3- викнал кумот.

Меѓутоа, во тој момент Драгица се појавила на вратата со црно палто, изморена бидејќи трчала кон групата на луѓе.

-Па каде си Драгице? Овие овде ми ја извадија “душата на памук”- рекол Чкаља. Свадбата била мала, во кругот на најблиските пријатели. Неколку години покасно се родил синот, на кој му го дале името Чедомир.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.