ВИДЕО: Најстарата Турчинка порачува дека тајната на долговечноста е смеата

turcinka.jpg-640

Фајикије Сокер од селото Саманда во провинцијата Хатај на југот од Турција има 112 години и е најстарата жена во нејзиното село, јави агенцијата Анадолија.

Од осумте деца има 120 внуци, а двапати доживеа и раѓање на внуче од внуче.

Според официјалните документи, Сокер е родена на 1 јули 1904 година.

Како што вели, лекар посетувала ретко, а нејзината прилично добра здравствена достојба многумина зачудува.

“Баба” ја нарекуваат и другите жители на селото кои не се во роднинска врска со неа.

Сокер смета дека тајната на долговечноста е во среќата, односно во смеењето. Така, со насмевка, се присетува и на нејзината прва средба со авион. Како што вели, кога прелетал над нејзиното село не знаела од каде доаѓа тој звук. Потоа си рекла дека “доаѓа птица”.

-Бевме деца. Не знаевме што е тоа, па го нарековме птица, низ смеа вели оваа Турчинка.

Нејзината внука Ханифи Сокер вели дека во нивното семејство долговечноста не е невообичаена појава и дека нејзината друга баба починала на 104 години, а дедо и на 100 години.

-Се надевам дека и ние ќе живееме толку. Најважно е да сме здрави. Фала му на Бога, баба немаше здравствени проблеми, па се надеваме дека нема ни да ги има, вели внуката.

Нејзината снаа Фериде Сокер (52) вели дека Фајикрије никогаш не ја сметала за свекрва туку за мајка и дека имаат однос каков што имаат мајките и ќерките.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.