(Видео) Најостриот критичар на руската влада приведен веднаш штом пристигна на аеродромот во Москва

Алексеј Навални, најостриот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше приведен синоќа откако слета во Москва.

Навални беше приведен на пасошка контрола на аеродромот Шереметјево.

Ова е прв пат кога Навални доаѓа во Русија откако минатата година наводно беше затpyeн со нервен агенс. Навални за нападот ја обвинува владата предводена од Владимир Путин, а што рускиот претседател тоа го негира.

Опозиционерот пристигна со авион на „Викторија ерлајнс“ од Берлин. Интересно е што авионот слета на аеродромот Шереметјево наместо на аеродромот Внуково. Одлуката за промена на аеродромот е донесена во последен момент.

Пред тоа, авионот кружеше над Москва. Компанијата „Виктори ерлајнс“ за Ројтерс изјави дека Внуково е затворен за сите влезни летови.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.