(Видео) Камерите по пет години влегоа во вилата на Шумахер: Семејството дозволи да се снима во куќата на легендарниот возач

Семејството на славниот возач на Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, за прв пат по нecpeќата, која седумкратниот шампион на светот ја доживеа во 2013 година, дозволи новинари да влезат во семејната куќа.

Имено, германскиот режисер Михаел Вех и Ханс Брун Камертенс, со целосна поддршка на семејството на славниот Германец снимија документарен филм.

Во документарецот “Шумахер” ќе се најдат и необјавени архивски снимки од прославениот спортист, како и сведочења на најблиските членови на неговата фамилија – сопругата Корина и таткото Ролф Шумахер. Премиерата на документарецот е закажана за на 5-ти декември.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.