Видео: “И Директорот не знае кој му гради хотел во Пазарот?”

Наместо да се закануваат со тужби за навреда на честа и угледот преку соопштенија во неколку реченици, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, веднаш да излезат пред јавноста и да одговарат на нашите прашања, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-Кој и што гради во градскиот пазар во Прилеп? Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба? Што и дали е предвидено да се гради над дуќаните во комплексот “Филип Втори” во градскиот пазар? Дали, било каква градба е предвидена со Деталниот урбанистички план на општината на оваа локација?, праша и денеска Ирена Стерјовска Локвенец, претседателка на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Денеска пак директорот на ЈКП Пазари-Прилеп, Кристијан Илиоски, презентираше што сработило претпријатието во изминатата година.

Притоа Илиоски ништо не кажа по овие прашања кои деновиве предизвикаа контроверзии низ Прилеп.

За градежната експанзија денеска прилог имаа и од “ТВ Алфа”. Повеќе за тоа погледнете ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.