(Видео) Има пари што не може да ги потроши до крајот на животот, но одлучила да ги подари: Погледнете што вика за останатите милионери

Абигејл Дизни (59) режисер на документарни филмови, но и една од најбогатите жени во светот.

Освен што е филантроп и добитник на “Еми награда”, таа е и ќерка на Рој Едвард Дизни, некогашниот прв човек на славната филмска компанија која ја основале неговиот вујко Волт Дизни и татко му Рој Оливер. Абигејл на својата 21 година добила наследство од нејзиниот дедо 70 милиони долари, а овие денови проговори како е да се живее со богатство кое не може да се потроши и во два животи.

Кога била мала не била свесна за богатстовото на нејзиното семејство. “Кога бев мала, родителите се трудеа да не живеат упадливо. Парите не ги променија. Знам дека звучам како оксиморон, но навистина беа скромни. Сакаа да ми докажат мене и на браќата дека не сме ништо подобри од останатите деци и дека воопшто не се разликуваме од нив”, вели таа:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.