(ВИДЕО) Заев “бегал” од часови по Географија: Прилеп го смести во Полог

Премиерот Зоран Заев денеска беше присутен во Прилеп за промоцијата на четирите нови автобуси на метан кои ги набави општина Прилеп.

Оваа набавка деновиве предизвика лавина реакции од опозицијата во Прилеп, од каде истакнаа дека околу тендерот за автобусите вреди 1 милион евра има низа контроверзии и незаконитости.

Заев од центарот на Прилеп ја пофали набавката на автобусите, а притоа рече дека денеска тој се наоѓал во Полошкиот регион.

Овој дел од изјавата на Заев е на 00:57 секунда од видеото во продолжение:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.