(Видео) Една од најблескавите ѕвезди на фудбалското небо: Дами и господа! На денешен ден Диего Армандо Марадона започна да пишува историја!

На денешен ден во 1976 година на големата сцена за прв пат се појави еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона.

Марадона дебитирал за првиот тим на Аргентинос Јуниорс во натпреварот со Тајлерс, десет дена пред 16-тиот роденден.

Симболично, на теренот истрча носејќи го бројот 16. Во тој момент тој бил најмладиот играч во аргентинската Примавера.

Само што се појави младиот Диего ја пронајде првата “жpтвa”, а тоа беше фудбалерот на Талјерс, Хуан Доминго, со кој го доби првиот дуел и го посрамоти. Тоа беше првата магија во кариерата на славниот Марадона, а останатото е историја…


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.