Регионот Магнезија во Грција изминативе неколку часа e во центарот на невремето „Даниел“, а првите проблеми се забележани во Волос, во селата на полуостровот Пелион и на периферијата на Тесалија.
Во Волос сообраќајот на обиколницата е запрен, додека возилата се заглавени на висината на Пантесаликос. Противпожарните екипи се обидуваат да ги ослободат возачите. Проблеми има и во болницата во Волос.
Хаотичната ситуација можеби најдобро ја опишува видеото на градоначалникот на Волос, кој излезе од градското собрание и ги праша возачите заглавени во поплавените улици „каде одат“.