(Видео) Го чекал кpajoт на светот и 9 години децата ги чувал во подрум: Најстариот син избегал во бар, па после 5 пива ја открил страшната тајна

Во подрумот на ќука во Руинерволд, Холандија, пронајдено е семејство кое таму живеело 9 години чекајќи го “кpajoт на светот”.

Откриено е дека таму живеел човек (58) со шест деца, на возраст од 16 до 25 години.

Девет години ги поминале во подрумот на куќата во фарма опкружена со дрва, а целата приказна е разоткриена кога најстариот син се појавил во локалниот бар и нарачал пиво. На мештаните им рекол дека му е потребна помош, па тие повикале полиција.

“Испи пет пива, а потоа ми кажа дека избегал и дека му е потребна помош. Имаше долга коса, валкана брада, носеше стара облека. Рече дека никогаш не одел во школо и дека никогаш не се бричел”, објасни сопственикот на барот Крис Вестербик.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.