Во рускиот град Краснојарск отворено е „патриотско“ кафуле , посветено на претседателот Владимир Путин.
Во кафулето јасно е нагласен „судирот“ меѓу Русија и земјите од Западот. На влезот на тоалетот е закачена табла со натпис „НАТО блок“, а главната сала пак е преполна со фотки од Кремаљ, Путин…
Посетителите на ресторанот можат со маркер фломастери да цртаат по портретите на Обама, Меркел, Тимошенко, Порошенко…
Инаку, во кафулето традиционално во 12 часот се пушта химната на Русија.