(Видео) Бразилците градат уште поголема статуа на Исус: Ќе биде висока 43 метри, а веќе ги поставија главата и рацете

Рио де Женеиро е препознатлив по познатата статуа на Христос Спасителот која се наоѓа над градот, но Бразил одлучи да изгради уште една.

Во тек е изградбата на уште една статуа, во градот Енкантаду на југот од земјата, која ќе биде грандиозна и висока 43 метри.

Изградбата започна во 2019 година, а пред неколку дена беа поставени главата и раширените раце. Се очекува статуата да биде завршена до крајот на оваа година, пренесува Франс24.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.